Футсал тимот на Шкупи е шампион на Македонија. Чаирчани вчера ја совладаа Шкендија со 0-4 во Тетово и го осигураа шампионскиот трофеј. По една година пауза, откако употребија и „трансфер финта“ која предизвика многу бура, Шкупи ја врати титулата откако лани првак на Македонија во футсал беше тимот на КМФ Проект
Шкупи славеше со 0-4 против Шкендија, двоен стрелец беше Елјеса, а погодија и Исмаили и Стојковски. По завршување на мечот, на новиот првак му беше доделен и шампионскиот пехар, како и медали на фудбалерите.
Тимот на КМФ Проект освои второто место и допрва треба да го одигра својот меч, но нема шанси да го стигне Шкупи со оглед дека разликата на врвот е шест бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













