
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев истакнува дека е среќен на „Енио Тардини“ и во Парма пронашол ново фудбалско семејство.
„Во Парма пронајдов ново фудбалско семејство и многу сум среќен поради. Знаев дека доаѓам во голем клуб со фантастични навивачи, а претседателот Краусе ме изненади колку многу го сака фудбалот. Тој на секој тренинг е со нас, се грижи за сите и тоа е навистина нешто посебно. Дојдов во Парма затоа што верувам дека можеме до плејофот, иако заостануваме многу бодови, но има и многу натпревари за играње до крајот. Јас и сите во клубот веруваме дека можеме да ја оствариме целта“, истакнува Пандев.
Горан Пандев е надвор од теренот веќе две седмици, се опоравува од непријатната повредата поради која пропушти неколку натпревари.
„Фокусиран сум на Парма и работам напорно за да се вратам на теренот. Паралелно работам и терапии и тренинзи, па немам време за да размислувам на ништо друго. Сконцентриран сум на Парма и сакам што побрзо да се вратам на теренот за да им помогнам на соиграчите за нови победи“, вели Пандев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Бетис лесно ја надигра Џирона (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
