
Францускиот ас Килијан Мбапе и понатаму е главна тема во пресрет на летниот преоден рок. Тој по завршувањето на сезоната ќе биде слободен агент и најавите се дека ќе замине во Реал Мадрид. Но, ПСЖ сака да го задржи по секоја цена.
Францускиот весник „Л’Екип“ сега наведува дека Мбапе има четири услови кои ги поставил пред раководството на ПСЖ, кои би требало да ги исполни за да продолжи да соработува со нив.
Првиот услов што Мбапе го бара од раководството на ПСЖ е да ја подигне сериозноста на друго ниво, и да ја намали слободата на одредени играчи, што воопшто не му се допаѓа.
Вториот услов е тој да стане број еден и во клубот и на теренот и сака да биде заштитно лице на проектот и главна ѕвезда на клубот.
Третиот услов на Мбапе е да добие продолжување на договорот до 2024 година, но со клаузула дека доколку сака може да го напушти клубот по само едно лето.
Последниот и најважен услов е тој да сака да стане најплатениот играч во светот, што не би требало да биде проблем со оглед дека ПСЖ и подготвува таков договор за него.
Мбапе пристигна во ПСЖ од Монако во летото 2017 година и беше четирикратен шампион на Франција со парижаните, но следен предизвик е Лигата на шампионите.
Сезонава постигна 22 гола на 32 натпревари и им подели 16 асистенции на соиграчите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал
