
Актуелниот првак Шкендија денеска (14 часот) гостува во Велес и има императив да го победи Борец ако сака да остане во трката за одбрана на титулата. По минатото коло тимот на Бруно Акраповиќ се искачи на второто место, но се уште има осум бода негатива во однос на лидерот Шкупи.
Аденис Шала знае дека во една таква ситуација и нема да биде лесно да се победи во Велес, посебно што и на домаќинот му се потребни бодови за опстанок.
„Натпреварот против Борец нема да биде лесен натпревар, но ние сме многу фокусирани и патуваме во Велес за нова победа. Знаеме дека не очекува тешко соочување, но подготвени сме и мотивирани за овој предизвик. По победата во последното коло против Струга ТЛ, атмосферата во тимот е позитивна и сите сме подготвени да го дадеме максимумот. Оваа сезона игравме еднаш против Борец во Тетово и победивме со 3-0. Се надевам дека и како гости ќе ги освоиме трите бода“, изјави фудбалерот на Шкендија.
Борец во минатото коло извлече бод на гости против Скопје, па ќе се обиде да остане непоразен и на дуелот со големиот фаворит.
Останатите натпревари од 20.коло во Првата фудбалска лига се играат утре.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Доријан Бабунски потпиша за унгарскиот тим Ниреѓихаза

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
