
Јувентус не успеа да го добие градското дерби против Торино. Тимот на Масимилијано Алегри ремизираше 1-1 и потклекнува во трката за четвртата позиција со Аталанта.
Матијс де Лихт во 13.минута донесе предност за „старата дама“ на овој дуел, но Јувентус не успеа да наметне своја игра и во продолжението од мечот. Напротив, Торино беше подобар, создаде повеќе шанси, а по асистенцијата на Брејкло капитенот Андре Белоти успеа да израмни во 62.минута.
До крајот Јувентус речиси и да беше без шанси, а Алегри ги повлече и Дибала и Влаховиќ чувајќи ги силите за дуелот против Вилјареал во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
