
Францускиот гигант Пари Сен Жермен со сите сили се бори да го задржи Килијан Мбапе кој по завршувањето на сезоната ќе биде слободен агент. Раководството на клубот е подготвен да го направи Мбапе најплатен фудбалер во светот и му дава плата од еден милион евра неделно.
Тоа би го направило Мбапе најплатен фудбалер во светот, но се чини дека Реал Мадрид е подготвен да оди чекор понатаму. „Кралскиот клуб“ е подготвен да му понуди на Мбапе дури 1,2 милиони евра неделно, за да го убеди да потпише за Реал.
Шпанските медиуми објавуваат дека Мбапе веќе бара куќа во Мадрид преку овластени агенции во елитната населба Ла Моралеха, каде што живеат повеќето играчи на Реал Мадрид.
Мбапе во ПСЖ пристигна од Монако во летото 2017 година и со парижаните четири пати беше француски шампион, а следен предизвик е Лигата на шампионите во која стигна до финалето во 2020 година, но беа поразени од Баерн Минхен.
Сезонава Мбапе постигна 22 гола на 32 натпревари и подели 16 асистенции на соиграчите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
