Милан нема да се труди да го задржи Франк Кеси и ќе му дозволи да си замине од „Сан Сиро“ по завршувањето на сезоната. Преговорите меѓу Милан и играчот за врска за потпишување нов договор се дојдени во фаза кога барањата на фудбалерот и можностите на клубот се многу различни.
Челниците на седумкратниот европски првак решија да се откажат од обидот да го продолжат договорот со репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска. Сапуницата околу Кеси и неговиот договор истекува ова лето, а трае веќе подолго време. Сега е јасно дека еден од најдобрите играчи на Милан ќе го напушти „Сан Сиро“ како слободен агент.
Техничкиот директор Паоло Малдини неколку пати ја зголеми понудата за Кеси, но тој во секој момент бараше 10 милиони евра по сезона, па преговорите пропаднаа.
Малдини одби да му даде толку пари на Кеси, а со тој потег ја повтори практиката која ја имаше Милан и со Џанлуиџи Донарума, дека клубот нема да дозволи да биде уценуван од ниту еден фудбалер.
Посебно е интересен начинот на кој Малдини ги прекинал преговорите со Кеси. Тој му рекол дека неговото име е Франк и дека почитува, но дека не е толку добар фудбалер како соиграчот на Малдини – легендарниот Франк Рајкард. Поради тоа и нема да добие 10 милиони евра годишна плата од Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













