
Шпанскиот тим Севилја славеше со 3-1 против Динамо Загреб во првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа. Македонските репреентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски беа стартери во составот на „модрите“.
Иван Ракитиќ од пенал донесе предност за тимот од Андалузија, а израмни Мислав Оршиќ по асистенција на Ристовски. Сепак, до крајот на првиот дел, Лукас Окампос и Антони Марсијал донесе убедливо водство на Севилја кое го задржа до крајот на мечот.
Аталанта со пресврт го доби дуелот против Олимпијакос (2-1). Чикињо обезбеди водство за грчкиот тим, но дефанзивецот Џимшити со два гола во второто полувреме донесе триумф за домаќинот.
Тони Мартинез беше двоен стрелец за Порто во трумфот од 2-1 против Лацио, а Лајпциг и Реал Сосиедад ремизираа 2-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
