Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, по синоќешниот пораз од Леванте (0-1) во Ла Лига изјави дека е запален алармот по лошите изданија на тимот. Актуелниот првак би можел да остане и без пласман во ЛШ доколку продолжи да распродава бодови на таков начин.
„Ова е голем удар за нас, може да се каже дека алармот е веќе вклучен. Моментната позиција на табелата не е соодветствува со апетитите на Атлетико Мадрид. Мора да го подигнеме нивото ако сакаме да влеземе во Лигата на шампионите следната сезона“, изјави Облак.
Атлетико Мадрид во моментот е на петтото место со 39 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal