Францускиот гигант Пари Сен Жермен не се откажува од намерата да го задржи Килијан Мбапе во својот клуб и по завршувањето на оваа сезона. „Светците“ прават максимални напори да го убедат напаѓачот да остане на „Паркот на принцовите“ иако тој засега ладно ги одбиваше сите нивни понуди.
Челниците на Пари Сен Жермен и Килијан Мбапе одржале состанок вчера, само ден по натпреварот со Реал Мадрид кој го одлучи токму Французинот со одличен погодок, пишуваат француските медиуми.
Богатите катарски сопственици на чело со првиот човек на Пари Сен Жермен, Насер Ал – Келаифи, се подготвени да направат се што можат за Мбапе да остане.
Во средата попладне се одржала средба меѓу раководството на ПСЖ и репрезентативецот Килијан Мбапе.
Сепак, како што наведува „Паризиен“, првите луѓе на ПСЖ и натаму не успеваат да го убедат Килијан да остане во Париз. Тој веќе одби да потпише двегодишна соработка која би му донела 90 милиони евра.
Се наведува дека понудата на катарските челници се зголемила на еден милион евра неделно, со што би бил подобро платен играч од Лионел Меси кој добива околу 950.000 евра. Во случајот на Мбапе тоа би биле 48 милиони евра годишно.
Меѓу Реал Мадрид и Мбапе се уште ништо не е потпишано, но Килијан ги остава отворени сите опции, па дури и „прикриениот однос“ за евентуалниот транфер во Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal