
Англискиот премиерлигаш Арсенал предводен од менаџерот Микел Артета не потроши многу во зимскиот преоден рок. „Топчиите“ на секој начин се обидоа да го доведат Душан Влаховиќ, кој на крајот се реши за трансфер во Јувентус.
Арсенал остана со сериозна сума пари за летниот трансфер прозорец, па се чини дека на Артета за неколку месеци ќе му ги исполни сите желби. На „Емирати“ треба да дојде напаѓачот на Милан, Рафаел Леао. Арсенал води во трката за неговиот потпис, тврдат италијанските медиуми.
Португалецот претходно се поврзуваше со Манчестер Сити, но сега Арсенал е главен фаворит да го доведе брзоногиот 22-годишен фудбалер во своите редови.
На 27 настапи за Милан оваа сезона, Рафаел Леао постигна 10 гола и додаде шест асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал
