Connect with us

Салах израмни рекорд на Роналдо во ЛШ

Египетскиот интернационалец Мохамед Салах го постигна вториот гол за Ливерпул во победата над Интер (0-2) во осминафиналето на Лигата на шампионите. Со тоа израмни и рекорд на Кристијано Роналдо во елитното натпреварување.


Салах стана вториот фудбалер кој успеал да постигне погодоци на осум последовни гостувања во Лигата на шампионите. Тој оваа сезона по двапати ги затресе мрежите на Порто и на Атлетико Мадрид, а погоди и против Милан и против Интер во Милано. Претходно погоди и против Реал Мадрид, Лајпциг, Митјиланд и против Аталанта.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови