
Чаби Алонсо ќе биде нов тренер на Реал Мадрид, тврдат германските и шпанските медиуми. Алонсо веќе се прости од Баер Леверкузен, а останува уште само потписот на договорот со Реал. Разговорите се во тек, не само околу договорот, туку и околу првите чекори во градењето на новиот тим. Весникот „АС“ објави дека веќе се појавиле и неколку имиња како нови засилувања.
„Нема да има револуција, но ќе има поместувања“, се наведува во текстот, со додавање дека Реал Мадрид ќе почне да се обликува според желбите на новиот тренер.
„Во моментов постојат два отворени случаи – Мартин Зубименди (26) и Џонатан Тах (29) – за да се постават темелите на ‘ерата Чаби’“, пишува „АС“.
Проблем со доведувањето на Зубименди
И двајцата играчи претходно биле поврзувани со можен трансфер во Реал. Сепак, доведувањето на играчот од средниот ред, Мартин Зубименди, нема да биде лесно, со потсетување дека наследникот на Карло Анчелоти го познава уште од времето кога го водеше младинскиот тим на Реал Сосиедад. Но, во сериозна трка за потписот на Зубименди е и Арсенал со Микел Артета.
Џонатан Тах како слободен играч
Кога станува збор за стоперот Џонатан Тах, тој би можел да дојде како слободен играч по истекот на договорот со Баер Леверкузен. Неговите релации со Чаби Алонсо би можеле да бидат клучен фактор за реализација на трансферот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
