Микел Артета потврди дека Арсенал ќе направи шпалир за новиот шампион Ливерпул пред нивниот меѓусебен натпревар на „Енфилд“ в недела. Шпанскиот стратег покажа почит кон тимот на Арне Слот, истакнувајќи дека Ливерпул ја заслужил титулата поради постојаноста и квалитетот.
„Ливерпул го заслужува ова. Тие беа најдобриот тим, најконзистентен. Она што Арне и неговиот тим го направија е фасцинантно. Одлична работа. Таков е спортот – кога некој е подобар, му честиташ и се обидуваш да го стигнеш тоа нивo“, рече Артета.
Тој се осврна и на елиминацијата од ПСЖ во Лигата на шампионите, нарекувајќи го моментот „еден од најтажните, но и најгордите“ како тренер на Арсенал, бидејќи тимот отпаднал со високо крената глава.
Артета верува дека неговиот тим заслужувал многу повеќе, особено со оглед на статистиката.
„Да, 100%. Бевме најдобри во турнирот, имавме најдобра гол-разлика и најдобра статистика. Со такви бројки, имате голема шанса да ја освоите Лигата на шампионите.“
Што се однесува до Премиер – лигата, Артета призна дека тимот направил чекор назад во споредба со минатата сезона:
„Со освоените поени оваа и минатата сезона, можевме да освоиме две титули. Не сме само блиску – ние сме таму. Сега ни треба малку повеќе среќа и да се надеваме дека никој нема да биде подобар од нас“, дополни менаџерот на Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













