Connect with us

Интер и Ливерпул во голема пресметка во ЛШ

Интер и Ливерпул вечерва ќе се соочат во првиот меѓусебен натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите. Ова е една од најинтересните пресметки од оваа фаза и се очекуваат да видиме два спектакуларни натпревари меѓу екипи кои сакаат атрактивен фудбал.


Првиот дел од битката е вечерва на „Џузепе Меаца“ во Милано, каде секој од двата тима ќе сака да постигне позитивен резултат кој ќе му даде сигурност и мир пред реваншот.


Иако е еден од најуспешните клубови во Лигата на шампионите со три трофеи во своите витрини, сега првпат по пауза од 10 години повторно стигна до елиминациската фаза.


Интер има неизвесна битка за „скудетото“ со Милан и со Наполи и не може да си дозволи да ги фокусира сите сили во Лигата на шампионите. „Нероаѕурите“ секако потајно се надеваат дека ќе направат голем пробив, но тоа во моментов не е главната цел. Сепак, Симоне Инзаги има многу добар тим, кој не смее да се потцени, туку напротив – може да создаде проблеми за секој што ќе му застане на патот.


Во Ливерпул ситуацијата е слична. На „Енфилд“ продолжува бркотницата со Манчестер Сити во битката за титулата во Премиер – лигата, но избраниците на Јирген Клоп веќе заостануваат зад „граѓаните“ и нивните шанси за успех таму се реално помали.


Ливерпул оваа сезона секако е меѓу фаворитите на турнирот, влегувајќи во оваа улога во оваа осминафинална пресметка со Интер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови