
Големата победа (0-5) на Манчестер Сити над Спортинг Лисабон во првиот осминафинален дуел во Лигата на шампионите влезе во историјата и со неколку врвни достигнувања на англискиот тим.
Фудбалерите од „Итихад“ се први со пет последовни победи како гости (без натпревари на неутрален терен) во елиминациската фаза на турнирот. Покрај тоа, ова е најубедливиот успех на гости во Лигата на шампионите во историјата на Манчестер Сити.
Тимот на Пеп Гвардиола може да се пофали со уште две работи, веќе има 200 гола во Лигата на шампионите, а тоа го постигнаа уште 13 екипи. Сепак, Манчестер Сити тоа го направи најбрзо – за само 97 натпревари.
Огромното водство од 0-4 на полувремето во Лисабон е прв случај во историјата на елиминациите од Лигата на шампионите, во кој тим има предност од најмалку четири гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
