
Реал Мадрид имаше 0-0 до судиското продолжение, но Килијан Мбапе во последните мигови успеа да го совлада Тибо Куртоа и донесе триумф од 1-0 за ПСЖ на „Паркот на принцовите“ во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите.

Куртоа во 61.минута успеа да му одбрани пенал на Лионел Меси, откако Дани Карвахал во шеснаесетникот стартуваше над Мбапе.
ПСЖ беше подобар ривал и на крајот заслужено обезбеди минимална предност на овој меч.
Манчестер Сити го растури Спортинг во Лисабон, победи со 0-5 и веќе е во четвртфиналето на ЛШ. Ријад Махрез и Бернардо Силва со два гола брзо најавија англискиот првак нема да се шегува, а до крајот на првото полувреме стрелаа и Фил Фоден и повторно Бернардо Силва.
Рахим Стерлинг во 58.минута го постигна петтиот гол за „граѓаните“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
