
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги му ја препушта фаворитската улога на Ливерпул пред пресметка на двата тима во Лигата на шампионите.
„Мислам дека англиските клубови се многу силни. Сите освен Челси ги освоија своите групи. Ливерпул е меѓу најдобрите клубови во Европа, но нашите момци заслужуваат да играат вакви натпревари. Долги години не учествувавме во нокаут фазата на ЛШ и иако ќе ни биде доста тешко, ќе се обидеме да одиме напред. На хартија Ливерпул е фаворит, но натпреварите не се добиваат таму, туку на теренот. Ќе побарам од моите играчи да излезат на теренот и да играат со чист ум, покажувајќи ги нашите идеи“, изјави Инзаги.
Тој смета дека екипата што ќе покаже поголем карактер на крајот ќе оди во следната фаза.
„Одлучноста ќе ја направи разликата. Сите напаѓачи имаат еднакви шанси да бидат стартери. Мора да покажеме победнички карактер, тоа ќе биде пресудно во двомечот против Ливерпул“, дополни стратегот на Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
