Производителот на спортска опрема „Адидас“ денеска објави дека партнерството со дефанзивецот на Вест Хем, Курт Зума е прекинато откако во јавноста излезе видео како тој сурово ја малтретира сопствената мачка.
На видеото се гледа како Зума се потсмева со својот миленик кој прво го шутира, а потоа и го фрла во својот дом. Тоа предизвика осуда во медиумите, јавноста и во неговиот клуб кој го суспендираше и го казни парично со 300.000 фунти.
Службата за заштита на животните му ја конфискуваше мачката, а денеска се огласи и „Адидас“ кој го спонзорираше поранешниот стопер на Челси. Поради непријатната сцена тие решиле веднаш да ја прекинат соработката со Зума.
Неповреден не остана ниту Вест Хем кој го осуди потегот на овој дефанзивец. Еден од нивните спонзори „Виталити“ ја прекина соработката со „чеканите“ на неодредено време за да се види во кој правец ќе оди целиот случај, и како планира да реагира Вест Хем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













