Францускиот репрезентативец Антони Марсијал го напушти Манчестер Јунајтед и заврши на позајмица во Севилја, а можеше да прејде и во редовите на великаните – Јувентус или Барселона. Сепак, тој го испочитувал договорот со раководството на Севилја.
Марсијал ја одбил можноста да премине во редовите на „старата дама“ или кај каталонците, а причината е многу едноставна – им дал збор на раководните луѓе на Севилја и не сакал да го прекрши ветувањето.
„Вистина е дека Јувентус се обиде да ме доведе. Разговараа со мојот агент, но јас му реков дека ја претпочитам Севилја, тоа беше најдобрата опција за моето семејство и за мене. Барселона исто така имаше состанок со мојот агент, но повторно реков дека приоритет ми е Севилја. Јас секогаш си го одржувам зборот“, изјави Марсијал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













