Дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, го повреди десниот скочен зглоб и дефинитивно ќе ја пропушти претстојната пресметка против Ливерпул во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Тренерот Симоне Инзаги поради суспензија сигурно нема да може да смета на Николо Барела, а се чини дека на италијанскиот репрезентативец ќе му се придружи три години помладиот Бастони, па Интер против англискиот великан ќе мора да игра без двајаца стандардни првотимци.
Бастони синоќа предвреме го напушти теренот со болна гримаса на лицето и со помош на двајца членови на медицинскиот штаб на Интер на крајот од првото полувреме, а ден подоцна стигна потврда во Милано дека повредата е сериозна.
Одличниот дефанзивец ќе го пропушти гостувањето кај Наполи претстојниот викенд, а големо прашање е дали ќе се опорави и до следната среда и пристигнувањето на Ливерпул на „Џузепе Меаца“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













