Килијан Мбапе е една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал и голем адут на Франција. Но, можело се да биде поинаку, затоа што неговиот татко Вилфрид имал желба тој на почетокот од кариерата да заигра за неговата родна земја, во репрезентацијата на Камерун.
Сепак, во периодот кога Килијан Мбапе се уште бил само талентирано момче, на Вилфрид му побарале мито за тој да заигра за фудбалската репрезентација на Камерун.
„Најпрво сакав мојот син да игра за Камерун, но некој од Камерунската фудбалска федерација ми побара огромна сума пари што не сакав да ја платам. Тоа беше бариерата за Килијан да почне да настапува за Камерун. Кога дојде време, Французите не ми наплатија ништо, туку беа среќни мојот син да игра за оваа репрезентација. Морам со жалење да кажам дека корупцијата ги убива соништата на нацијата во Камерун“, изјави Вилфрид Мбапе во интервју по повод неодамна завршениот Африкански куп на нации.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













