Францускиот гигант Пари Сен Жермен работи на плановите за следната сезона, прва во која по пет години треба да состави тим без Килијан Мбапе. Светските медиуми пишуваат дека заминувањето на Мбапе во Реал Мадрид е завршена работа, а клубот се уште бара начин да го убеди да остане. Но, раководството на „светците“ работи и на план Б, кој изгледа се повеќе ветувачки.
Најголема желба на ПСЖ е доаѓањето на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмуинд и на тоа наголемо се работи во Париз. Тие го гледаат Халанд во клубот како единствената вистинска замена за Мбапе.
Според „Л’Екип“, ПСЖ веќе започнал преговори со агентот на Халанд, Мино Раиола, а доколку успее да одолее на интересот на другите клубови, се очекува зделката да биде склучена со трансфер од околу 90 милиони евра.
Откако Маурисио Покетино ќе му ја остави клупата на Зинедин Зидан, а Мбапе би бил заменет со Халанд, клубот ќе се сврти кон доведување на други нови играчи. На таа листа на желби се издвојуваат Пол Погба и Лукас Пакета.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













