
Аргентинецот Пауло Дибала можеби ќе се премисли и сепак ќе остане во Јувентус и по завршувањето на сезоната. Откако беа маѓепсани од играта на Влаховиќ, медиумите во Италија пишуваат за фантастичен тандем со Дибала, кој би бил темел на големите амбиции на Јуве за следната сезона.
Наводно, соработката со Влаховиќ го натера Дибала да размислува, сака да биде дел од голем тим, па тоа би ги олеснило преговорите за нов договор.
„Ла Хоја“ е слободен на лето, преговорите се водат подолго време, Јувентус е неговата прва опција, но тој е лут поради промените во основата на претходниот договор. Навивачите апелираат до раководството на клубот да се сретне со Дибала, но проблем не е само висината на платата, туку и провизијата за агентот.
Дибала очекуваше 10 милиони евра по сезона и тоа е камен на сопнување, со оглед дека Јувентус е подготвен да го плати 8 милиони евра годишно.
Не е тајна дека Дибала е незадоволен иако го сака Јувентус, а навивачите го обожуваат. Доколку замине, речиси сигурно нема да остане во Серија А, се најавува можен трансфер во Барселона, но сега има многу повеќе шанси и да остане во Торино.
Покрај тоа, Аргентинецот се надева дека еден од неговите најдобри пријатели Пол Погба ќе се врати во клубот и не би сакал да пропушти да игра со Французинот кој е на прагот да се врати во Јуве.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
