
Диего Коста би можел да ја продолжи кариерата во – Италија! Тешката повреда на Дуван Запата ја натера Аталанта да размислува за потенцијални и достапни замени, а една од нив е секако – Диего Коста.
Шпанецот е без клуб, неодамна го раскина договорот со Атлетико Минеиро, имаше бројни понуди, но се уште не избрал ниту една.
Аталанта би можела да биде најдобрата дестинација, тоа е клуб кој се бори за пласман во Лигата на шампионите, а и сега игра во Лига Европа, бидејќи во осминафиналето ќе се сретне со Олимпијакос.
Главната цел на Аталанта е нов пласман во Лигата на шампионите, а Јувентус е главниот конкурент во трката за Топ 4 во Серија А.
Како слободен играч, Диего Коста може веднаш да потпише и да игра за новиот клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
