
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, со насмевка го прокоментира пијанството на Џек Грилиш. Играчот е снимен како му се забранува влез во бар, откако изгледа неадекватно и во видно алкохолизирана состојба, а со него биле и неговите соиграчи Кајл Вокер и Ријад Махрез.
„Толку сум вознемирен затоа што не ме поканија. Не ми се допаѓа. Следниот пат ќе можат да ме поканат на вечера“, се пошегува Гвардиола. „Видеото не покажува што точно се случило, но ќе бидат казнети затоа што не ме поканија и мене“, истакна стратегот на Манчестер Сити.
Гвардиола уште еднаш беше прашан за неговата иднина откако се појавија информации дека би можел да потпише нов договор. Неговиот актуелен договор е до 2023 година.
„Освоивме многу и продолжуваме да победуваме. Да не беше така, немаше да бидам овде и по шест сезони. Имам уште една и пол година од актуелниот договор. Тоа е долго време во светот на фудбалот. Има многу отпуштени тренери оваа сезона, не само во Англија туку и ширум светот“, одговори Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
