Фудбалската федерација на Македонија во Кичево го организира заедничкиот семинар за главни судии и асистенти судии за пролетниот дел од натпреварувачката сезона во МФЛ.
Семинарот во Кичево им послужи на судиите и контролорите за евалуација на нивната досегашна работа, колку и на кој начин бележеа напредок во периодот од претходниот семинар.
Новиот претседател на судискиот одбор на ФФМ и прославениот македонски судија, Димитар Мечкаровски даде позитивна оценка за постигнатото во досегашниот дел од припремите.
„Во периодот од 7 до 12 февруари во Кичево, Фудбаласката Федерација на Македонија организира успешен редовен зимски семинар за главни судии и асистенти судии според најновите и највисоките УЕФА критериуми. Сакам да ја пофалам физичката спремност кај судиите, покажаа вистинска професионалност и максимална фокусираност на овој семинар. Нивната одлична подготвеност во тешки услови на пандемија е одличен показател пред почетокот на пролетниот дел од сезоната во МФЛ“, изјави Мечкаровски.

Фитнес тренерот Сашо Даневски даде своја оценка и кратко објаснување за тоа што е сработено во досегашниот дел од подготовките.
„Како и на сите меѓународни фитнес семинари кои ги спроведе УЕФА, така и кај нас се спроведуваат фитнес тестирањата со електронски и видео уреди за максимална објективност. До сега на судиите ФФМ подели 90 часовници за следење на тренажниот процес, спроведовме повеќе од 30 тестови кај меѓународните судии за целосно нивно профилирање. Оваа година морам да истакнам дека скоро сите судии се наоѓаат во врвна форма и се максимално подготвени за предизвиците што следат во пролетниот дел од сезоната во МФЛ“, изјави Даневски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













