
Манчестер Јунајтед не успеа да слави на гостувањето против Барнли играјќи само 1-1. По ова, „црвените ѓаволи“ остануваат на петтата позиција на табелата со еден бод негатива во однос на четвртопласираниот Вест Хем.
Ралф Рангник го остави Кристијано Роналдо на клупата од стартот на мечот, а му даде шанса на Единсон Кавани. А Пол Погба се врати на теренот и постигна гол за Јунајтед по пауза од една година. Французинот донесе водство во 18.минута, откако претходно не му беше признат гол на Варан. Сепак, Барнли израмни на почетокот на второто полувреме со голот на Џеј Родригез.
Њукасл оствари значајна победа (3-1) дома против Евертон, со головите на Фрејзер и Трипие и автоголот на Холгејт, а Вест Хем славеше минимално (1-0) против Вотфорд со погодокот на Џерод Боувен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
