
Капитенот на Јувентус, Џорџо Киелини, ќе биде надвор од терените до март, објавија италијанските медиуми. 37-годишниот дефанзивец се повреди во победата од 2-0 над Верона во неделата и беше принудно заменет.
Киелини денеска ги мина деталните лекарски прегледи, при што беше откриена повреда на левата потколеница која ќе го остави надвор од терените најмалку 20 дена.
Капитенот на „старата дама“ ќе го пропушти мечот со Сасуоло за Купот на Италија оваа недела, натпреварите од Серија А против Аталанта, Торино и Емполи, како и првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите против Вилјареал на 22 февруари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
