Тренерот на Рома, Жозе Мурињо за првпат ќе се врати на „Џузепе Меаца“ да го предводи тимот на гостување против Интер, на стадионот на кој освои тројна круна во сезоната 2009/2010.
По турбулентниот викенд, Рома вечерва ќе игра против Интер во четвртфиналето на Купот на Италија, а на трибините на познатиот стадион во Милано ќе се најде и легендарниот пртетседател Масимо Морати кој беше на кормилото на Интер во тој период.
„Не би го пропуштил враќањето на Мурињо во Милано за ништо на светот! Ќе му биде чудно да гледа како оди во гостинската соблекувална“, изјави Морати.
Мурињо потоа замина во Реал Мадрид и не присуствуваше на церемонијата на прославата на освојувањето на Лигата на шампионите. Морати не го обвинува, знаејќи дека Португалецот веќе се согласил да се пресели во Мадрид.
„Вечеравме неколку дена подоцна и тој ми разјасни се. Беше многу емотивен бидејќи беше приврзан за Интер“, открива Морати.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













