
Н’Голо Канте би можел да го напушти Челси на крајот од сезоната, тврдат англиските медиуми. „Сините“ од Лондон сакаат да го доведат играчот од средниот ред на Вест Хем, Деклан Рајс, во своите редови и неговото доаѓање ќе означи крај на ерата на Канте на „Стемфорд Бриџ“.
Рајс е голема желба на Томас Тухел, но сериозен конкурент за неговиот потпис е Манчестер Јунајтед. Цената не е мала. Вест Хем бара 100 милиони фунти за 23-годишниот играч за врска, а Рајс наводно е подготвен да го исполни неговиот сон и да заигра за тимот од делот на Лондон каде го поминал детството.
Канте за Челси одигра 239 натпревари и постигна 13 гола. Со клубот ги освои трофеите во Премиер – лигата, Лигата на шампионите, Лигата на Европа, ФА Купот и во Суперкупот на УЕФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
