Вест Хам најави дисциплински мерки против Курт Зума откако на социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледа како Французинот брутално ја малтретира сопствената мачка. Видеото прво го објави таблоидот „The Sun“, по што информацијата стигна до клубот, кој најостро го осуди ваквото однесување на играчот.
На видеото се гледа како Зума ја фрла мачката на подот, а потоа ја клоца со сета сила, подоцна фрла кон неа со чевли, ја брка низ станот и на крајот од видеото силно ја удира со рака додека го држи детето во раце. Лицето што го прави видеото се смее гласно. Не е познато со какви повреди се здобило животното, а набргу по објавувањето на снимката, Зума се извини.
„Се извинувам за моите постапки. Нема оправдување или објаснување за тоа што го направив и искрено жалам“, изјави Зума.
Зума минатото лето дојде во Вест Хем од Челси за 35 милиони евра и се врати во тимот пред две недели откако се опорави од повредата.
A video obtained by The Sun allegedly shows footballer Kurt Zouma kicking and hitting his cat.
— Emily Hewertson 🇬🇧 (@emilyhewertson) February 7, 2022
It’s absolutely disgusting and disturbing footage. I hope he is prosecuted for animal cruelty. pic.twitter.com/3K7xMeHh5j
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski