
Мрачните облаци над „Камп Ноу“ полека исчезнуваат. Барселона веќе извесно време е во сериозни финансиски проблеми, кои ќе бидат елиминирани во поголема мера благодарение на новиот вносен договор. Каталонскиот гигант добива нов спонзор откако е постигнат договор со „Spotify“.
Станува збор за тригодишен спонзорски договор вреден 280 милиони евра. Логото на „Spotify“ ќе биде на дресовите на машкиот и на женскиот тим, како и на опремата за тренинг.
Во договорот не се вклучени само дресовите и опремата, туку и правата на името на стадионот за следната сезона, па на името на стадионот „Камп Ноу“ ќе се додаде зборот „Spotify’.
Претставниците на „Spotify“ беа во свечената ложа на дербито против Атлетико Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
