
Карим Бензема се опорави од повредата и ќе се врати во составот на Реал Мадрид во клучен момент. „Кралевите“ загубија во Купот на Шпанија од Атлетик Билбао и едвај ја победија Гранада во Ла Лига. Французинот многу недостигаше, но треба да се врати во акција оваа недела.
Бензема ќе почне да тренира со остатокот од тимот и ќе добие зелено светло за настап на гостувањето кај Вилјареал, а уште поважно – ќе биде подготвен и за првиот меч со Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.
Покрај Бензема, од повредите се опоравиле и Ферлан Менди и Маријано Дијаз.
Реал Мадрид ќе игра против Вилјареал в сабота, а три дена подоцна ќе гостува во Париз во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
