Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд потврди дека Никлас Суле ќе ги засили редовите на „милионерите“ на лето, по истекот на договорот со Баерн Минхен. Оваа вест ја потврди директорот Микаел Цорк, истакнувајќи дека Суле потпишал четиригодишен договор, до летото 2026 година.
„Со задоволство можеме да потврдиме дека наш нов играч ќе биде германскиот репрезентативец Никлас Зуле кој ќе потпише четиригодишен договор. Тој покажа голем интерес во преговорите и е среќен што доаѓа во нашиот клуб. Има големо искуство, физички е силен и ќе биде големо засилување за нас од следната сезона“, изјави Цорк.
Суле кариерата ја започна во Хофенхајм од кој летото 2017 година за 20 милиони евра се пресели во Баерн Минхен. Со баварскиот клуб ги освои сите можни трофеи, беше стандарден, но во преговорите за продолжување на соработката почувствува дека клубот не го почитува доволно и затоа реши да си замине.
Интересно, ова е прв голем трансфер во спротивна насока од Минхен во Дортмунд, по Матс Хумелс, откако претходно играчите одеа од Борусија во Баерн.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













