
Себастијан Џовинко, искусниот италијански фудбалер, ќе потпише договор со Сампдорија, откриваат италијанските медиуми. Маноло Габијадини заработи тешка повреда, па Сампдорија мораше да реагира и челниците решија да го ангажираат поранешниот играч на Јувентус.
Иако јануарскиот преоден рок е завршен, Сампдорија нема проблем да го доведе Џовинко бидејќи 35-годишниот фудбалер е слободен од август минатата година, кога го напушти Ал-Хилал од Саудиска Арабија.
Џовинко во Италија не играше само за Јувентус туку и за Емполи и за Парма, а во 2015 година се пресели во
Торонто од каде четири години подоцна замина во Ал-Хилал.
За Италија настапи на 23 натпревари и постигна еден гол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
