Јувентус ја победи Верона со 2-0 во Торино, а првиот гол во кариерата за „старата дама“ го постигна српскиот напаѓач Душан Влаховиќ. Тој на крајот на јануари пристигна од Фиорентина во Јувентус и стана најскапиот фудбалер на сите времиња од поранешна Југославија. Јувентус и плати на Фиорентина 75 милиони евра.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, по натпреварот проговори за Влаховиќ, посочувајќи дека сепак не одиграл идеален натпревар.
„Имаше неколку лоши почетни допири на почетокот на натпреварот. Мора да го поправи тоа. Сака да има контакт со одбранбените играчи, но има само 22 години и нема толку големо искуство. Треба да го подобри начинот на кој се ослободува од дефанзивците и треба повеќе да ја користи десната нога“, изјави Алегри.
Алегри ги отфрли шансите на Јувентус во трката за титулата.
„Тоа е трка меѓу Интер, Милан и Наполи. Во моментов сме надвор од неа. Што се однесува до Лигата на шампионите, таа е сè уште широко отворена. Мораме да одиме чекор по чекор, следната цел е Аталанта. За жал, ни недостасуваат тие четири бода кои ќе ни овозможат да се бориме за титулата. Мораме да го прифатиме тоа“, посочи тренерот на Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













