Раководството на италијанската фудбалска лига, Серија А, размислува да организира 20-дневен турнир кој ќе се игра за време на Светското првенство во Катар кон крајот на оваа година. Шефовите на Серија А на тој начин сакаат да им помогнат на клубовите да останат во натпреварувачки ритам пред преполниот распоред што ги чека клубовите по Светското првенство.
Турнирот би се играл во САД каде би пристигнале сите 20 клубови од Серија А. Тие би биле поделени во групи од каде потоа би се пласирале во нокаут систем. Идејата е овој мини-турнир да им послужи на клубовите како подготовка за продолжението на сезоната и да ги задржат во натпреварувачки ритам играчите кои не се на мундијалот.
Директорот на Серија А, Луиџи Де Сиерво, и директорот за маркетинг, Микеле Чикарезе, вчера отпатуваа за Њујорк за да се сретнат со претставници на „CBS Sports“, која ги има правата да ја емитува Серија А во САД.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













