
Манчестер Јунајтед беше меѓу најактивните клубови во јануарскиот преоден рок. На „Олд Трафорд“ нема нови лица, но клубот го напуштија Антони Марсијал (Севилја), Амад Дијало (Ренџерс), Аксел Туанзебе (Наполи) и Дони ван де Бек (Евертон). Сите отидоа на позајмица.
Во Јунајтед останаа уште многу незадоволни играчи. Најголема приказна е Пол Погба кого не успеаја да го продадат, а договорот му истекува на лето. Остана и повремениот англиски репрезентативец Џеси Лингард кој побарал трансфер во Њукасл, но „црвените ѓаволи“ го одбиле таквиот предлог.
„Разбирам дека е разочаран и сака да игра на друго место. Сега се зависи од него. Нашата соблекувална е помала поради овие заминувања. Ако се појави на тренинг, ќе ја има својата шанса тука”, изјави менаџерот Ралф Рангник.
Клубот му понудил на Лингард да земе неколку дена одмор, но 29-годишниот напаѓач одбил.
„Клубот ме советуваше да земам неколку дена одмор поради лични причини. Но, јас расчистив се во мојата глава, јас сум професионалец и секогаш ќе давам 100% за тимот“, истакна Лингард.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
