Реал Мадрид постојано е во потрага по нови играчи. Иако на прв поглед се чини дека средината на теренот е комплетирана, на „Бернабеу“ не мислат така.
Причината за тоа се крие во неизвеноста околу Тони Крос и Лука Модриќ кои одамна минаа над 30 години. Затоа мадриѓани размислуваат за нов играч за врска.
Изборот падна на играчот на Баерн Минхен, Корентин Толисо. Неговиот договор со баварците истекува на лето. Тоа беше сигнал до Флорентино Перез да го „нападне“ францускиот репрезентативец.
Толисо е во Баерн од 2017 година, но не играше многу на „Алијанц Арена“, пред се поради бројните проблеми со повредите. Играчот од средниот ред во дресот на германскиот шампион постигна 21 гол и забележа 15 асистенции.
Покрај Реал, за Толисо е заинтересиран и неговиот поранешен клуб, Олимпик Лион.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













