Реал Мадрид доживеа елиминација од Атлетик Билбао во четвртфиналето на Купот на Шпанија, а Герет Бејл дополнително ги изнервира навивачите на клубот кој за него плати 100 милиони евра. Во летото 2013 година, „кралевите“ за него на Тотенхем му платија 101 милион евра.
Осум и пол години подоцна Бејл е проценет на само 5 милиони евра. Не само затоа што наполни 33 години, туку затоа што игра лошо и многу малку. Последен пат за Реал играше на 28 август минатата година, а оттогаш постојано е повреден или на клупата за резерви.
На своето „работно место“, каде што го чека летото и крајот на раскошниот договор со Реал, направи нов во низата потези на кои мадриѓаните негодуваат. Во 75. минута тренерот Карло Анчелоти го повика Еден Азар кого малку порано го испрати да се загрева, да се врати на клупата.
Тоа значеше дека се откажа од намерата да го внесе во играта. На ова, Бејл имаше неверојатна реакција и почна да се смее.
Камерите на „Ел Чирингито“ го фатија како гласно се смее кога Азар доби наредба да се врати на клупата. Ова е уште еден голем испад на Велшанецот кој очигледно сака да го навреди и тренерот Карло Анчелоти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













