
По раскинувањето на договорот со Арсенал, габонскиот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг (32) потпиша договор со шпанскиот гигант Барселона. Обамејанг потпиша договор за Барса до јуни 2025 година, а постои опција и за прекин на соработката на 30 јуни 2023. Каталонскиот клуб објави дека отштетната клаузула во договорот е 100 милиони евра.
Арсенал прво му ја одзеде капитенската лента на Габонецот, а потоа го исфрли од тимот поради недисциплина. Премиерлигашот ќе заштеди околу 32 милиони евра кога ќе се соберат платите и бонусите оставени на неговиот договор.
Сепак, Арсенал ќе мора и да подели дел од трошоците со Барселона. До лето „топчиите“ ќе плаќаат дел од платата на својот поранешен напаѓач. Само на таков начин можел да се оствари трансферот со оглед на финансиската состојба на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
