Кристијано Роналдо е познат не само како еден од најдобрите фудбалери на својата генерација туку и како апсолутен фанатик во поглед на жртвите за фудбалот. Приказните за неговата подготвеност да тренира и неверојатната самодисциплина станаа легендарни.
Закрепнувањето е исто толку важно како и тренингот. Роналдо на својот Инстаграм сподели видео од своето чудо, криокомора вредна околу 50 илјади фунти која е пренесена во неговиот дом во Манчестер од вилата во Торино. Во него се сместени најмодерните простории за криотерапија, како и таканаречените „ледени сауни“.
Температурата во овие простории може да падне и до -200 степени Целзиусови. Студот делува на крвните садови со тоа што ги стеснува, а со последователно загревање тие брзо се шират. Ова ја забрзува циркулацијата, што го забрзува закрепнувањето, без разлика дали се работи за мускулната траума предизвикана од замор или од повреда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













