
Англискиот премиерлигаш Челси во летниот преоден рок ќе се обиде да го доведе дефанзивецот на Реал Мадрид, Едер Милитао. Лондонскиот клуб е во потрага по нови играчи во одбраната бидејќи во јули ќе се раздели со Антонио Рудигер, Андреас Кристенсен и со Цезар Аспиликуета кои влегоа во последните шест месеци од договорот.
Томас Тухел, менаџерот на Челси, побарал од раководството на лондонскиот клуб да го донесе бразилски стопер.
Милитао пристигна во Реал Мадрид во 2019 година од Порто за 50 милиони евра. Прво беше резерва, но потоа се проби во првиот тим и стана еден од клучните играчи во тимот на „кралевите“. Оваа сезона Милитао е играчот со најголема минутажа во Реал Мадрид, а неговата вредност е околу 60 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
