
Лидерот на табелата во македонскиот шампионат, тимот на Шкупи, го заврши престојот во тренинг кампот во Анталија и се враќа во Скопје. Составот на Гоце Седлоскин одигра пет пријателски натпревари, од кои загуби два, двапати ремизираше, а победи против Сумгајт со 2-1.
Шкупи во зимскиот преоден рок доведе неколку засилувања. Омар Имери го засили нападот, Гаги Маргвелашвили дојде како замена за повредениоит централен дефанзивец Абдул Рватубијаје, а средниот ред е посилен за Ѓорѓи Стоилов.
Од тимот си заминаа Кире Маркоски, Матеј Цветаноски, а на позајмица се Рејан Абази, Бери и Едгард.
Шкупи последниот тест пред стартот на првенството ќе го има против Каменица Саса, а во првото пролетно коло го пречекува тимот на Академија Пандев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Женски фудбал
Прва ЖФЛ: Гостинките славеа на сите четири натпревари
