Заминувањето на Лоренцо Инсиње и на Дрис Мертенс од Наполи ќе му ја донесе капитенската лента на сенегалскиот дефанзивец Калиду Кулибали. Клубот ќе му понуди нов договор и тој ќе биде новиот капитен во тимот на Елиф Елмас од следната сезона.
Инсиње веќе потпиша со Торонро и ќе игра во МЛС – лигата на САД, а најверојатно ќе му се придружи и најдобриот стрелец во историјата на клубот, Дрис Мертенс, откако италијанските медиуми соопштија дека „наполитанците“ нема да ја користат клаузулата во неговиот договор.
Како што тври „Кориере дело спорт“, Наполи ќе му понуди нов договор на Кулибали и ќе го направи лидер на тимот. Тој има договор со клубот до јули 2023 година и иако долго време беше на трансфер – пазарот, Наполи побара 100 милиони евра отштета и тој се уште е на стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Кулибали (30) пристигна во Неапол од Генк во 2014 година за 7,75 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













