Се раситнуваат последните 50 дена до пресметката меѓу Италија и Македонија во баражот за Светското првенство. Палермо ќе биде градот домаќин на полуфиналниот плејоф дуел, а тоа „втор дом“ на Илија Несторовски. Во тимот на Палермо играше три сезони пред клубот потоа да банкротира.
Сега е дел од Удинезе и ја чека шансата за поголема минутажа, а можеби и ќе ја промени средината во последните мигови од преодниот рок. Ако биде во натпреварувачки ритам, реално е да се очекува да добие и повик од селекторот Благоја Милевски, а вели дека Македонија може да ја победи Италија.
„Прво треба да бидам повикан, затоа што имав долга пауза поради повреда. Но, работам напорно, а и тоа е една од моите главни мотивации, да се вратам во националниот тим на Македонија. За мене пресметката во Палермо ќе биде посебна, зашто Италија е мој дом веќе со години. И мислам дека можеме да ја победиме Италија. Добивме големо искуство со настапот на Европското првенство, покажавме дека имаме квалитет и дека можеме да играме храбро и против најдобрите европски селекции. Среќа за Италијанците е дека нема да играат Горан Пандев, кој стави крај на репрезентативната кариера, и Елиф Елмас кој е суспендиран за тој меч. Да ги имавме и Пандев и Елмас, ќе ви беше многу тешко“, изјави Несторовски за италијанските медиуми.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија













