Пјер-Емерик Обамејанг најверојатно ќе го напушти Арсенал до крајот на зимскиот преоден рок. Барселона и Арсенал се договорија тој да се пресели на „Камп Ноу“, но Габонецот се уште е „на чекање“.
Обамејанг е „отпишан“ во Арсенал поради кршење на клупската дисциплина и целта му е да си замине од „Емирати“ бидејќи е свесен дека до крајот на сезоната нема да има шанса да игра за Микел Артета.
Според каталонските медиуми, Обамејанг се согласил да замине во Барселона, а Арсенал е подготвен да го пушти Габонецот на позајмица до крајот на сезоната.
Сепак, и покрај тоа што договорија се со Обамејанг и со Арсенал, челниците на Барселона имаат огромен проблем бидејќи не можат да пријават нов фудбалер додека не го намалат буџетот за плата. Единствено решение да се случи тоа е заминувањето на Осман Дембеле, но остануваат уште само неколку дена до крајот на преодниот рок и прашање е дали тоа е воопшто изводливо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија













