Натпреварот меѓу Фулам и Блекпул од Чампионшип дивизијата, кој се одигра вчера, го одбележа страшна трагедија. Еден навивач починал за време на мечот.
Се започнало кога на навивачот му се слошило на трибините. Веднаш бил пренесен во болница, но по неколку часа починал како последица на срцев удар.
Ова е само еден во низата случаи кога вакви сцени се случуваат на натпреварите во Англија. Неколку пати од почетокот на сезоната се случуваше на навивачите да им се слоши на трибините, но, за среќа, повеќето од тие случаи завршија со позитивен епилог.
Натпреварот заврши со резултат 1-1, единствениот гол за Фулам го постигна српскиот репрезентативец Александар Митровиќ, веќе во шестата минута, а израмни Боулер во 57. минута од дуелот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија













