
Шпанскиот ас Серхио Рамос заработи повреда на мускулот на последниот тренинг, а тоа го става под прашалник неговиот настап на дуелот меѓу Пари Сен Жермен и претходниот клуб Реал Мадрид на стартот од нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Ова е многу загрижувачки за тренерот Маурисио Покетино, бидејќи Рамос веќе го пропушти поголемиот дел од актуелната сезона во ПСЖ поради повреда, а сега, според француските медиуми, морал повторно порано да го напушти тренингот.
Покрај Рамос, проблем за парискиот клуб е и повредата на Нејмар, кој исто така е неизвесен за дуелот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Првиот меч е закажан на „Паркот на принцовите“ на 15 февруари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal